(Видео) Казнена експедиција: Суарез продолжи да решета во Гремио

Дерби

05/02/2023

12:43

1.506

Големина на фонт

а а а

Луис Суарез е симбол за постигнување голови во текот на целата кариера, а тоа го продолжува и во новата средина во која едноставно не престанува да решета.

„Ел Пистолеро“ го избра Гремио по крајот на Светското првенство и на дебито постигна хет-трик, но не застана тука и сега повторно се погрижи за победа на неговиот тим.

Бразилскиот великан рано утрово оствари победа над Аиморе со резутлат 3:0, а триуфмот го потврди токму расниот голгетер кој едноставно делува како казнена експедиција.

Уругваецот најпрво постигна гол со глава по еден прекин од левата страна, но потоа ги постави конечните 3:0 по огромната грешка која мајсторски ја искористи.

Противничкиот стопер реагираше катастрофално, а Суарез со мајсторска завршница стигна до седмиот гол на петтиот меч во Гремио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг