Леонардо ди Каприо е фотографиран со нова девојка на ноќно излегување. Имено, станува збор за 19-годишниот модел Еден Полани.
Забавата ја организирала пејачката Ебони Рајли по повод објавувањето на нејзиниот прв албум. Изворите навеле дека Леонардо и непознатата девојка биле блиски.
Во последните месеци се шпекулираше дека Ди Каприо е во врска со 23-годишната Викторија Ламас. Изворот тогаш откри дека се заедно, но дека не сакаат јавно да соопштуваат дека се во врска. Сепак, се чини дека на нивната љубовна приказна ѝ дошло крајот.
Многумина забележале дека манекенката неверојатно наликува на Викторија, а на забавата го привлекла вниманието во костум со пруги и бела блуза.
Еден Полани, со која актерот бил на забава во Лос Анџелес, е израелски модел кој на Инстаграм го следат речиси 200.000 корисници.
Младата израелска манекенка наводно претходно била во врска со 32-годишниот син на милијардерот Гил Офер. Според странските медиуми, парот ја криел врската од јавноста затоа што Еден била уште малолетна.
Сепак, очигледно е дека на нивната љубов ѝ дошло крајот, а се чини дека сега срцето на младата Еден го украл познат актер.