Актерскиот пар од „Game of Thrones“ го чека своето второ дете

Точка

04/02/2023

17:43

4.475

Големина на фонт

а а а

Актерскиот пар од серијата „Game of Thrones“, Кит Харингтон и неговата сопруга Роуз Лесли, го чекаат своето второ дете.

Актерот ја потврди веста во петокот во емисијата на Џими Фалон, „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“. Парот веќе има 2-годишен син кој, како што вели Кит, го подготвуваат за доаѓањето на братот или сестрата.

„Се обидуваме да го подготвиме за тоа, му го покажуваме трудничкото стомаче на Роуз и му кажуваме дека внатре има ново бебе“, изјавил Харингтон.

Кит, кој се прослави со улогата на Џон Сноу во „Game of Thrones“ и Лесли, која во серијата ја глуми неговата прва љубов Игрит, се запознале во текот на снимањето, а медиумите ги поврзуваа уште во 2012 година.


Својата врска официјално ја потврдија 4 години подоцна, односно во 2016 година, а се венчаа во 2018 година во Шкотска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг