Што се случува со Лијам Хемсворт додека цел свет ја слуша одмаздничката песна на неговата поранешна сопруга? Актерот „си игра со оган“

Точка

04/02/2023

12:14

18.579

Големина на фонт

а а а

Актерот Лијам Хемсворт е еден од познатите мажи за кого најмногу се зборува во последно време. Откако неговата поранешна сопруга Мајли Сајрус на 13 јануари, баш на неговиот роденден ја објави песната „Flowers“ во која според мислењето на многумина ја изнела својата страна од приказната за нивното раскинување, сите се прашуваат што се случува со него.

Тој во вистинска смисла на зборот продолжил понатаму. Минатиот месец прославил три години врска со австралиската манекенка Габриела Брукс со која започнал да се забавува набрзо по разводот од Мајли Сајрус.


Се прогнозира дека осум години помладата Габриела би можела да стане новата госпоѓа Хемсворт која набрзо откако започнала нивната романса, актерот ја запознал со родителите и браќата Крис и Лук Хемсворт.

Габриела поради љубовта кон Лијам ја напуштила својата родна Австралија и отишла во Америка со него. Тие неодамна биле забележани на аеродром во Сиднеј, а патувањата се нивна голема страст.


Неговиот 30-ти роденден којшто Мајли го „зачини“ со хит, го поминале во Пуерто Валерт во Мексико каде отишле со приватен авион и во друштво на пријателите Софи и Марк Хачинс. Дали одморот им го уништил песната? Пејачката има навистина добро чувство за вистинскиот момент....

А, што правел Лијам откако беше објавена песната? Тој се вратил со својата девојка во Лос Анџелес, ја однел во ресторанот „Gracias Madre“, па биле на шопинг.


Хемсворт не ја коментирал јавно песната на Мајли, но сигурно не е воодушевен од овој потег.

Да ве потсетиме, Мајли и Лијам се разведоа во 2018 година, само осум месеци по нивната венчавка. Тој ги предал документите за развод откако ги видел нејзините фотографии со друга жена. Таа него го обвинила дека премногу бил љубоморен и дека не можела да се избори со неговите проблеми со алкохолот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг