Му го „украле“ цел живот, па побегнал од сè: Како изгледа денес актерот за кој тврдеа дека е најубавото момче во Холивуд

Точка

04/02/2023

11:00

22.318

Големина на фонт

а а а

Жените ги обожуваа неговите фотографии, а во светот на филмот исто така ги освојуваше сите, но кога беше на врвот од својата слава, побегна од богатството, популарноста и фановите.

Холивудскиот актер Џош Хартнет се прослави со улогата во филмот „Pearl Harbor“, а беше еден од најпопуларните на светот во тој момент.

Сите очекуваа дека ќе стане новиот Бред Пит, беше талентиран, згоден, шармантен и обожуван од страна на девојките, па се укажуваше на тоа дека пред него е неверојатна кариера.


Следеле неколку многу успешни улоги, а Хартнет потоа „пресекол“ и одлучил да го напушти Холивуд. Како што подоцна објаснил, едноставно не бил подготвен за сета таа фама која го следела.

„Имам чувство дека малку се оддалечив од Холивуд затоа што не бев подготвен за сето тоа внимание. Не сакав да внимавам на секој збор и сакав природно да растам и да се развивам, така што одлучив во тој момент животот на филмска ѕвезда дека не е за мене“, изјавил Џош своевремено.

Во годините кои следеле главно ги прифатил своите помали улоги и проекти, далеку од сиот холивудски гламур, а се верува дека со тоа си помогнал себеси.


„За моето психичко здравје и мојата кариера најдобрата можна работа беше да сум подалеку од Холивуд“, истакнал Хартнет во едно интервју.

Како што објаснил, тој не сакал паралелно со кариерата да гради среќен и исполнет семеен живот и дека конечно има приватност. Јавноста верувала дека има увид во неговиот живот, но тој себеси не се препознавал во своите совршени фотографии кои ги видел на насловните страници од магазините.

„Имав чувство како некој да ми го украл цел живот. Сите тие насловни страници на магазините на кои беа моите фотографии. Тие нималку не го прикажуваа животот каков што го живеам. Моментално се чувствувам добро поради тоа што папарацо фотографите повеќе не ме малтретираат“, истакнал актерот.

Во текот на периодот којшто го провел далеку од холивудските текови, пропуштил многу големи улоги. Некои свесно ги одбил, а бирал да се занимава со режија и пишување сценарија отколку со глума. Во меѓувреме се венчал во тајност, кога во 2021 година рекол „да“ пред англиската актерка Тамзи Егертон.

Парот се запознал на снимање на филм во 2011 година, а заедно се повеќе од деценија. Егертон во една прилика на Инстаграм споделила фотографија на која се гледа дека Џош и таа носат прстени, но малкумина помислиле дека тоа можат да бидат бурми.

Актерите заедно имаат три деца, а нивните имиња не се откриени во јавноста за да се сочува нивната приватност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг