„Наједноставниот грабеж некогаш“: Дали ја знаете приказната за тоа како Северна Кореја ѝ украла 1000 автомобили на Шведска?

Точка

02/02/2023

19:21

12.098

Големина на фонт

а а а

Во една прилика Северна Кореја ѝ украла 1000 автомобили од марката „Volvo“ на Шведска и речиси ништо не можело да се направи за враќање на отуѓените возила, ниту Швеѓаните некогаш ги добиле своите пари (а веројатно и никогаш нема).

Целата приказна датира уште од 70-те години на минатиот век, кога некои многу наивно поверувале дека со Северна Кореја може успешно да се тргува. Северна Кореја каква што денес ја познаваме, тогаш сè уште била млада земја и заостанувала зад остатокот од светот, па некои, како Швеѓаните, мислеле дека е паметно да се тргува со неа и да се прошири малиот пазар.


Северна Кореја тогаш нарачала 1000 „Volvo“ автомобили од Шведска и тоа во вредност од околу 70 милиони долари. Испораката била голема и отишло толку далеку што Пјонгјанг отворил шведска амбасада, првата западна амбасада отворена во Северна Кореја. Меѓутоа, веселбата кратко траела.

Северна Кореја, во целост затворена и изолирана земја која поседува моќна војска и нуклеарно оружје, одлучила да не им плати на Швеѓаните за автомобилите кои ги добила, односно дека е подобра опција да ги задржат и парите и возилата. Шведска тука, де факто, не можела ништо – била на другиот крај на светот, немала со што да ѝ се закани на Северна Кореја ниту поседувала некакви механизми со кои би извојувале наплата на долгот.


Во повеќе наврати, овој маневар на Северна Кореја е прогласен за „најголемата и наједноставна кражба на автомобили во историјата“, а она што е интересно е што Шведска секоја година испраќа потсетник до Северна Кореја за долгот кој го имаат кон нивната земја.

Долгот денес е пораснат на нешто помалку од 300 милиони долари, а со самото тоа шансите Северна Кореја некогаш да го подмири истиот се сведени на нула отсто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг