Озрачени и заборавени: Погледнете ги автомобилите напуштени во хаваријата во Фукушима

Точка

02/02/2023

17:12

9.121

Големина на фонт

а а а

Минаа речиси 12 години од катастрофалното цунами кое го погоди брегот на Јапонија по земјотрес.

Зоната се простира во радиус од 20 километри од самата нуклеарна електрана, а опфаќа и урбан дел во кој престојот е забранет. Тамошното население во брзање го напуштило своето место на живеење, исто како што тоа било случај децении порано во Чернобил. Зад себе ги оставиле и автомобилите.

Авторите од Јутјуб каналот „Exploring the Unbeaten Path“ ја посетиле оваа зона и ги снимиле напуштените возила. А меѓу нив навистина има што да се види.

Од многу типични јапонски автомобили, до расни спортски возила како што се „Mitsubishi Lancer Evo VII“, „Subaru Impreza WRX“ или „Porsche 911“. Можеби најинтересни се „JDM“ моделите, односно автомобилите специфични за јапонскиот пазар.

При посетата, од каналот го проверувале и нивото на зрачење, па така покрај еден стар тркачки „Datsun“ измерено јонизирачко зрачење од 0,45 µSv/h, додека на авто-отпадот е измерено многу поголемо зрачење од 5,3 μSv/h.

Во превод, тоа значи дека овие автомобили ќе останат трајно на исто место, препуштени на „канџите“ на времето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг