Славниот теренски модел би можел наскоро да добие четирицилиндарски хибриден погон.
„Land Cruiser 70“ е претставен во далечната во 1984 година како теренец кој може да оди било каде. Следната година ќе го прослави својот 40-ти роденден, но и ќе остане во продажба во догледна иднина во Австралија.
Овој податок го открива „CarSales“ во разговор со Шон Хенли, потпретседател за продажба и маркетинг „Toyota“ во Австралија.
Дури и се зборува за вградување на хибриден погонски склоп, што би било практично незапаметено во автомобилската индустрија – да се електрифицира модел стар 40 години.
Колку за потсетување, актуелниот „Land Cruiser 70“ користи 4.5-литарски турбодизел „V8“ мотор, а се шпекулира и за четирицилиндарски хибриден погон. Хенли не ја исклучил ни можноста за помал погонски склоп.
„Land Cruiser 70“ се нуди како класичен теренец со 5 врати и како пикап (камионет), а на официјалниот сајт на „Toyota“ се рекламира со слоганот – „Сè уште моќен, сè уште неуништлив“.
Интересно е дека овој модел резервоар за гориво со капацитет од дури 130 литри.