Девет луѓе се удавиле при крштевање во река во Јужна Африка

Нетпрес

04/12/2022

17:05

2.222

Големина на фонт

а а а

Телата на девет верници се извлечени од водата откако матицата ги однела низ реката го Јужноафриканската Република во текот на обредот на крштевање, објави во неделата службата за итни случаи на земјата.

„Вчера пронајдовме две тела, а денеска уште седум“, изјави за агенцијата DPA порптаролот на итната служба Роберт Мулаудзи.

Имајќи предвид дека операцијата на потрага и спасување е продолжена по 15 лица кои во саботата вечерта биле однесени од реката, се очекува дека таа бројка ќе биде и поголема, додал.

Мулаудзи за новинарите изјавил дека во саботата вечерта на обредот на крштевање на брегот на реката Јуксеи, во предградие на Јоханесбург, дошле 33 верници но ненадејната бура предизвикала силни речни струи и предизвикала поројна поплава.

Во јуни годинава четири лица се удавија, исто така, при обред на крштевање во покраината Лимпопо, а во периодот околу Велигден годинава одделот за водоснабдувње и одвод објави посебно предупредување и повика обредите на групни крштевањеа да не се одржуваат на бреговите на реките.

Портпаролот Малаудзи во неделата ги замоли црквите коишто и натаму одржуваат вакви обреди да бидат свесни за можни ненадејни влошувања на временските прилики, бурите и поројните поплави кои се вообичаени во земјата во периодот кога настапува летото на оваа хемисфера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг