Османи: Провокациите со територијални претензии се со цел да се користат за политичка агенда во Софија

Макфакс

04/12/2022

16:00

1.635

Големина на фонт

а а а

Провокациите кои доаѓаат од Бугарија се од профили кои се деструктивни за нивните општества. Не рефлектираат позитивен имиџ за својата држава, па најдобро е да ги игнорираме и да не им даваме тежина на таквите луѓе. Ова го изјави денес министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Министерот смета дека не треба да се охрабруваат провокаторите.

„Има провокации од типот ‘член на историска Комисија рекол нешто за нашата држава’. Ние не можеме да ги спречиме луѓето да зборуваат и да провоцираат, но важно е дали ќе дозволиме тие да го водат орото“, рече Османи на денешниот брифинг.

Според него, фактот што во Бугарија нема политичка влада создава потешкотии, но оние кои провоцираат во однос на територијалните претензии, тоа го прават намерно за политички поени, со цел ние да реагираме и потоа тоа го користат во политичката агенда во Бугарија.

Османи додаде дека за сега преговорите течат во најдобар ред, а билатерланиот скрининг оди по план.



Спонзорирани линкови

Маркетинг