Алина Кабаева, поранешна гимнастичарка и олимписка шампионка, денес во светот е позната како наводна љубовница на Владимир Путин, претседателот на Русија.
Дали тоа навистина е така или пак не, веројатно никогаш нема да дознаеме, но факт е дека бројни информации и сознанија сведочат во прилог на нивната долгогодишна романса.
Кабаева релативно ретко се појавува во јавноста па годинава само 10-на пати сме ја виделе на некои јавни, официјални настани, но во саботата се појавила во Сочи за да го отвори новиот центар за гимнастика.
Оваа 39-годишна жена не сакала да зборува за војната во Украина, ниту пак одговарала на било какви прашања за Путин, туку им се обратила исклучиво на колешките гимнастичарки:
„Кога се занимавав со гимнастика и спорт, не можев ниту да сонувам за услови какви што денес постојат во овој центар. Но, животот ни покажува дека невозможното е возможно. А, Русија е земја со големи можности“, изјавила таа.
За медиумите била интересна и самата појава на Алина, а веќе со месеци се шпекулира дека таа и Путин „подлегнале“ на извесни пластични операции на подмладување и затегнување на лицето. Русинката навистина изгледа видно поразлично во однос на претходните години – нејзините јаболчници се пополни, усните поголеми, а на лицето нема ниту една брчка иако е во години кога тоа е невозможно.
Инаку, на московските државни медиуми не им е дозволено да пишуваат за 15-годишната наводна врска на Алина со Путин, како ниту за двете деца кои парот наводно ги има.
Да ве потсетиме, странските медиуми во септември годинава известија дека гимнастичарката наводно абортирала и тоа во моментот кога била бремена повеќе од 20 седмици, а тоа било на инсистирање на Путин, пренесува „Daily Mail“.
„Како резултат на тоа, односот меѓу Путин и Кабаева се влошил. Исто така после тој абортус дошло до компликации и Кабаева не можела да се појави во јавноста извесно време“, пишува Telegram каналот на „General SVR“. Тие тврдат дека имаат заднински информации од Кремљ, но сепак не дале никакви цврсти докази за тоа.