Зошто сите зборуваат за сопругата на Лионел Меси по вчерашниот натпревар на СП во Катар?

Точка

04/12/2022

13:20

18.932

Големина на фонт

а а а

Иако фудбалскиот натпревар меѓу Аргентина и Австралија доби свој заклучок, победа на Аргентина, за сопругата на фудбалерот Меси луѓето не престануваат да зборуваат.

Антонела Рокузо во друштво на своите деца огнено навивала од катарските трибини за да му даде поддршка на својот сакан сопруг.

Прекрасната Антонела за таа прилика носела виолетова маица, дрес со бројот на својот сопруг, а фотографиите од нејзиниот синоќешен изглед се проширија на социјалните мрежи.


Иако натпреварот е минато, луѓето масовно ги споделуваат фотографиите од Антонела Рокузо на Твитер.

Се чини како убавата Аргентинка да оставила позитивен впечаток на машкиот, но и на женскиот пол, па многу од луѓето на Твитер не можат да веруваат колку таа е прекрасна.

„Боже, колку е убава“, „Уште еден ден да се пробудам и нема да бидам Антонела Рокузо“, „Таа е вистинска жена“, биле само дел од коментарите.

Додека Антонела навивала од трибините во Катар, гледачите забележале и еден интересен детаљ кој привлекол внимание, тоа биле тетоважи на нејзините дланки што претставуваат имиња на нејзините синови кои ги има со Лео – Тијаго (10) и Матео (7) покрај кој го има и најмладиот Чиро (4).

Инаку, Меси и Антонела се заедно од 2008 година, а во брак се од 2017 година. Се венчале во луксузен хотел во Росарио, градот од којшто потекнуваат и двајцата.

Лео и неговата сопруга пораснале заедно затоа што се знаат од 5-годишна возраст, со оглед на тоа што таа е роднина на неговиот пријател од детството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг