Смарагдите на Дајана и голи рамена: Модно издание на Кејт Мидлтон поради кое Бекам го прекршил протоколот и срдечно ја бакнал

Точка

03/12/2022

11:06

14.103

Големина на фонт

а а а

Секоја модна комбинација на сопругата на принцот Вилијам е незаборавна, но сега избрана е една коа со децении може да им служи како модна инспирација на дамите.

Принцот и принцезата од Велс деновиве престoјуваат во Америка каде се главна тема во јавноста, а веќе неколку пати ги воодушевиле своите фанови на другата страна на Атлантскиот океан.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе имаат повеќе обврски во текот на кралската турнеја, но основниот повод за нивното доаѓање во САД е доделувањето на наградите „Earthshot Prize“ кои се доделуваат за придонес и заштита на животната средина и кои Вилијам во 2020 година ги основал со Дејвид Атенбороу.


Церемонијата на доделување на наградите била одржана синоќа во бостонски „MGM Music Hall at Fenway“, а сопругата на принцот Вилијам се појавила во модно издание кое долго ќе се памети.

Таа на црвениот тепих чекорела во едноставен фустан којшто во никој случај не е здодевен. Станува збор за креација од брендот „Solace London“ чија цена изнесува повеќе од 400 евра и изработена е во ефектна светлозелена нијанса.

Станува збор за модел којшто ги открива рамената и е целосно „залепен“ за телото, благодарение на што ја истакнува совршената фигура на Кејт. Посебен детаљ на фустанот секако е „вметнатиот“ ремен којшто дополнително го нагласува струкот, а Мидлтон овој фустан го изнела со леснотија и огромна самодоверба.


Принцезата од Велс за оваа прилика избрала да носи ѓердан со смарагди којшто ѝ припаѓал на покојната принцеза Дајана, а за модното издание да биде уште посовршено придонеле и обетките од брендот „Asprey London“, со смарагди и дијаманти.


Ви се допаѓа ли?




Спонзорирани линкови

Маркетинг