Тој ја изневерувал, а таа наместо одмазда му подарила песна: „Стиховите му се посветени нему“

Точка

06/10/2022

23:26

12.380

Големина на фонт

а а а

Колумбиската пејачка Шакира признала дека стиховите од својата популарна песна ги посветила на нејзината поранешна љубов – Жерар Пике.

По 12 години љубов, Шакира и Пике одлучија да стават точка на својот однос. Целата приказна е проследена со бројни скандали, а наводно причината за нивната разделба е неверство.

Набрзо потоа објавена беше веста дека фудбалерот ужива со својата нова девојка, студентката Клара Чија Марти која има само 23 години. Подолго време се шпекулираше дека тие двајца се во врска, додека пак наводно испливале и фотографии на кои се гледа како тие двајца разменуваат нежности.


Фудбалерот наводно Шакира ја изневерил токму со неа, а покрај неа имал афера и со израелската манекенка Бар Рафаели.

Меѓутоа, пејачката неодамна ја отворила душата, па во едно интервју дала болно признание за цела ситуација.

„Бев тивка поради тоа што се обидував да ги процесирам работите во мојата глава. Да, тешко е да зборувате за тоа, особено поради тоа што сè уште поминувам низ тоа и затоа што сум јавна личност, па нашата разделеност не е како обичните. Тешко е, не само мене, туку и на моите деца им е неверојатно тешко. Се обидувам да ги заштитам децата од сè“, изјавила Шакира.

„Понекогаш се надевам дека ова е само грозен сон и дека кога-тогаш ќе се разбудам. Но, не, реалност е“, заклучила пејачката.


Се шпекулираше дека стиховите од песната „Te Felicito“ таа му ги посветила на Пике, додека пак Шакира во неодамнешно интервју тоа го потврдила.

„Да те направам цел, се скршив на парчиња, бев предупредена, но не обрнував внимание, немој да ми кажеш дека ти е жал, знам дека лажеш“, се стиховите на нејзината песна.

„Сè што можам да кажам е дека без оглед дали сум свесна или не, тоа што го чувствувам или низ што поминувам се одразува и на моите текстови и видеа кои ги правам. Како што веќе кажав, музиката е мојот пат“, изјавила Шакира.

Спотот на споменатата песна исто така има голема симболика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг