Верати шокиран од шпанскиот судија: Веќе не го разбирам фудбалот, ќе ми ја скршеше ногата!

Дерби

06/10/2022

13:55

3.370

Големина на фонт

а а а

Бенфика и ПСЖ одиграа еден навистина возбудлив натпревар во Лигата на шампионите, со тоа што сепак најинтересните моменти беа резервирани за првото полувреме на стадионот „Луж“.

Двата гола беа постигнати во првите 45 минути, но пред да се замине на пауза, бевме сведоци и на еден остар и невнимателен старт кој можеше да заврши многу полошо.

Енцо Фернандес има голема среќа што мина само со жолт картон за ужасниот старт со крампони врз ногата на Марко Верати, кој треба да се радува што мина без скршеница на гостувањето во Португалија.

Овој старт според многумина требаше да значи директен црвен картон, но не и за шпанскито судија Мансано кој го шокирал Верати со својот одговор.

– Разговарав со судијата и мора да ви признаат дека веќе не го разбирам фудбалот. На стартот на сезоната, на средбата која ја имавме со судиите ни порааа дека секој старт над зглобот ќе биде директен црвен картон. Го прашав судијата што се случува, а тој ми рече дека немало доволно силен интензитет за црвен картон. Имам отечена нога, ако имаше посилен интензитет, ногата ќе ми беше скршена. Навистина не можам да сфатам, – изјави разочараниот Верати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг