Актерот Алек Болдвин ќе продолжи со снимањето на филмот „Rust“ во јануари 2023 година, откако постигнал спогодба со сопругот на трагично настраданата Халина Хачинс, Метју.
Хачинс инаку ќе биде извршен продуцент на ова остварување и за странските медиуми објаснил дека се сложил со останатите продуценти и со Болдвин дека смртта на неговата сопруга била „страшна несреќа“.
Откако постигнал спогодба со ожалостениот Хачинс, Алек ќе се врати пред камерите на почетокот на 2023 година за потребите на овој проект.
„Постигнавме спогодба која подлежи на судско одобрение за неправедна смрт против продуцентите на филмот „Rust“, вклучувајќи го Алек Болдвин и „Rust Movie Productions, LLC“. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен“, објавил Метју, пишува „Daily Mail“.
„Снимањето на филмот „Rust“ на кој сега ќе бидам извршен продуцент, ќе продолжи со своите првични главни „играчи“ во јануари 2023 година. Не е во мој интерес да се впуштам во обвиненија или препишување вина (на продуцентите или господинот Болдвин). Сите веруваме дека смртта на Халина беше ужасна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и шоу-бизнис заедницата се обединија да ѝ оддадат почит на Халина и нејзиното последно остварување“.
За потсетување, Хачинс беше убиена кога Алек Болдвин пукал на сетот на филмот, не знаејќи дека во пиштолот се наоѓа вистински куршум.
„Драго нѝ е што страните се обединија за да го решат ова, што, подложно на судско одобрение, означува важен чекор во славењето на животот на Халина и оддавање почит на нејзината работа“, вели компанијата „Rust Movie Productions, LLC“ преку својот адвокат Мелина Спадоне.
Режисерот Џоел Соуза исто така оддал признание за талентот и креативноста на Халина.
„Привилегија е да се заврши ова во нејзино име“, изјавил Соуза.
„Во текот на овој тежок процес, сите ја задржаа желбата да направат нешто што е најдобро за синот на Халина. Благодарни сме на сите кои придонесоа за решавање на оваа трагична и болна ситуација“, додал адвокатот на Алек, Лук Никас.