„Актерите ги добиваат улогите кои Леонардо ди Каприо ги одбива“

Точка

06/10/2022

09:21

5.634

Големина на фонт

а а а

Актерот Кристијан Бејл, најпознат по улогите во „American Psycho“ и трилогијата за Бетмен, во интервју за „GQ“ истакнал дека својата голема кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо.

Како што изјавил Бејл, кариерата ја изградил на улоги кои Ди Каприо ги одбил, бидејќи режисерите редовно прво заминуваат кај него, па потоа кај другите актери.


„Тоа не е случај само со мене. Гледајте, така е денес, а така е и веќе некое време. Секоја улога која некој актер ја добива е улога која Ди Каприо претходно ја одбил. Нема врска тоа колку добро стоите со некој режисер, секоја улога која сум ја глумел претходно му била понудена“, рекол Бејл, па додал:

„Постојат низа луѓе кои ми го кажале тоа. Затоа, фала ти Лео. Тој буквално може да бира што ќе работи. И тоа е добро за него, феноменален е. Јас сум благодарен ако добијам било каква улога, свесен сум дека не можам да глумам како што глуми тој. Не би можел ни да живеам со славата со која тој живее, а тоа го прави на одличен начин“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг