(Видео) „Жив или мртов, да го пронајдат син ми“: Таткото на момчето кое со автомобил падна во Вардар моли за помош

Точка

29/09/2022

20:16

5.231

Големина на фонт

а а а

Трет ден се трага по 22-годишниот кумановец Е.Р. кој со возило падна во реката Вардар кај Желино, тетовско.

Таткото на момчето, Насер Рамадани ги повика институциите да го најдат син му – жив или мртов.

Рамадани во изјава за „ТВ21“ вели:

„Повикувам да ми го пронајдат син ми. Задоволен сум од селаните, многу придонесоа“.

Таткото за несреќната вест дознал од својот брат.

„Бев на работа и ми кажа дека направил сообраќајка и дека паднал во вода. Вчера чекавме од 5 часот, а претставници на институциите дојдоа во 12“, вели Рамадани и додава дека надлежните се на терен, повеќе од вчера.

Целата изјава на таткото на исчезнатото 22-годишно момче, погледнете ја во продолжение:



Спонзорирани линкови

Маркетинг