Питер Џексон сака да ја заборави трилогијата „The Lord of The Rings“: „Размислувам за хипноза“

Точка

11/08/2022

16:58

6.121

Големина на фонт

а а а

Режисерот Питер Џексон во неодамнешното интервју за „Hollywood Reporter“ признал дека размислува да се подложи на хипноза.

Целта на хипнозата би била да ја заборави трилогијата „The Lord of the Rings“ за да може да ги погледне овие филмови како обичен гледач.

„Кога ги снимавме филмовите, секогаш се чувствував како да сум оној несреќник кој не може да ги погледне филмовите кога ќе пристигнат во киносалите. Јас, од почетокот на снимањата, во тие филмови веќе бев „нурнат“ 5 или 6 години“, објаснил оскаровецот.


„Тоа што не можам да ги погледнам како сите останати за мене претставува голема загуба. Сериозно размислувам за хипнотерапија која ќе направи да ги заборавам филмовите и она што го работев во последните 6 или 7 години за да можам да уживам во нив“, додал славниот режисер, напоменувајќи дека го контактирал дури славниот британски „менталист и илузионист“ Дерен Браун.

Џексон напоменал дека барем ќе може безгрижно да ужива во гледањето на серијата на „Amazon“, „The Lord of the Rings: The Rings of Power“. Од „Amazon“, објаснил тој, го повикале на соработка на серијата, но го прекинале контактот откако им побарал да го види сценариото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг