Кина најави нулта толеранција за „сепаратистичките активности“ во Тајван

Макфакс

10/08/2022

09:20

1.559

Големина на фонт

а а а

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во близина на островот, кои се одржаа по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Пелоси го посети Тајван минатата недела, највисокиот американски функционер во последните децении и покрај силните предупредувања од Кина, која се обидува да го задржи Тајван изолиран на светската сцена.

Кинеската Канцеларија за работи на Тајван во средата објави бела книга, во која е наведено како има намера да го интегрира островот преку серија економски иницијативи и воен притисок.

Подготвени сме да создадеме голем простор за мирно обединување, но нема да оставиме простор за сепаратистички активности во каква било форма“, се наведува во документот, пренесе АФП.



Спонзорирани линкови

Маркетинг