Разбиена илегална обложувачка банда во Турција, 55 милиони евра завршиле во Македонија

Точка

09/08/2022

16:34

5.672

Големина на фонт

а а а

55 милиони евра е проценетата вредност на криминалот на бандата "Тотобо", која вршела операции со илегално обложување во Турција, Германија и Македонија.

Турската полиција, по 8-месечно следење на бандата Тотобо, приведе 59 членови на оваа криминална група, како и нејзините водачи.

Турската полиција соопшти и дека операцијата продолжува, а според тамошните извештаи се работи за една од најголемите операции за сузбивање на илегално обложување.

Вчера истанбулската полиција од одделот за кибернетски криминал извршила координирани акции во осум градови, а бил приведен и водачот на групата, Озкан Г.


Членовите на организацијата купувале панел од легална обложувалница од Германија и потоа го изнајмувале и го носеле во Истанбул. Отворале застапништва во Истанбул, и во други градови и продолжуваат со незаконски обложувачки активности.

По следењето на сметките на членовите, било утврдено дека оствариле промет од 1 милијарда лири, кои биле префрлени во Македонија преку криптовалути.


За централната банка да не ги следи овие пари, се формирале уплати со по 10-15 илјади долари и тие средства биле акумулирани на една сметка, потоа претворани во криптовалути и трансферирани во Македонија, пренесува турски „Милијет“.

Истрагата покажала дека дел од парите завршиле за финансирање на терористичка организација, но истата не е завршена и наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг