МВР: Приведено е лицето кое извади пиштол на протестот

Точка

06/07/2022

21:23

3.502

Големина на фонт

а а а

Од Министерството за внатрешни работи за "MKD.mk" официјално потврдиле дека лицето кое извадило пиштол е приведено и спроведено во полициска станица.

Мажот за кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук тврди дека сакал да го убие, вечерва бил приведен во полициската станица Чаир.

Лицето, како што може да се види на фотографијата која ја објави Мицкоски, извадило пиштол додека групата демонстранти минувала кај мостот Скендербег.

Неофицијално, пренесува "А1Он", станува збор за сопственик на хотел лоциран во близина ТЦ Мавровка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг