Вучиќ за "Сител": Не го отфрлајте францускиот предлог пред да размислите добро

Точка

06/07/2022

20:33

5.092

Големина на фонт

а а а

"Не го отфрлајте однапред францускиот предлог, пред да размислите добро за националните интереси", изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за ТВ Сител.

Вучиќ изјави дека европскиот пат е тежок, но напредокот на земјата ќе биде од суштинска важност за сите.

“Што ви е алтернативата? Дали ќе ве оптоваруваат на секое следно… секако, ќе прашуваат Бугарите за нешто, ќе прашуваат други за нешто друго. Секогаш нешто ќе се најде. Но туркајте ја својата земја напред. На крајот дали некој ќе ви отвори кластер повеќе, или кластер помалку, не е суштинско прашање, не е најважно. Но, добро е да бидете на европскиот пат, добро е да се отвораат можности за привлекување на инвестиции. Тоа е важно, тоа е добро.

А ова дали може да верувате дека нема да ви постават нови прашања, за Гоце Делчев, за други прашања. Тоа ќе ви го поставуваат, нека не ве лаже некој дека нема. Како и нас што ни направија. Се што рекоа дека нема, се има и што сега? Треба да се убиеме? Не треба да се убиеме. Полека, ги решаваме работите една по една. Србија е на европскиот пат, која ни е алтернативата? Напросто, тешко дека постои. Но, луѓето не се занимаваат со тоа, се занимаваат со тоа како нашата земја напредува. Ние и понатаму ги чуваме пристојните односи со Русија и со сите други и дали сме на европскиот пат, сме, тоа е огромен бенефит. Затоа ги молам луѓето рационално да ги постават работите. Да кажат ова не е убаво, не е добро, не е ни претерано пријателски. Но, што ни е изборот од другата страна? Во таа насока луѓето да ги постават работите“, истакна српскиот претседател.

Тој додаде дека на Србија и е одземен значаен дел од територијата, а тоа не е случајот со Македонија. Додаде дека некогаш мора да се истрпат и лоши работи.

„Јас нормално не можам да ви кажам дали предлогот е добар или не, тоа нека го одлучат луѓето во Македонија. Јас можам само една работа да кажам, кога го прифаќавме Бриселскиот договор 2013 година, тоа беше многу тежок договор за нас со многу ставки за кои луѓето во Србија не сакаа ни да слушнат ни да ги прифатат. Македонските граѓани, пак ќе кажам тие подобро знаат од мене дали е нешто добро или не за националните интереси на нивната земја. Само ги молам луѓето да размислат, да размислат да не прифаќаат или да не отфрлаат нешто априори“, вели Вучиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг