Британецот кој ја оставил сопругата поради Украинка: „Ја навредуваат, ѝ се закануваат, зборуваат за депортација“

Точка

06/07/2022

19:12

4.647

Големина на фонт

а а а

Софија во мај побегнала од Украина и нашла привремено сместување кај семејството на Тони Гарнет. По само десет дена неговата сопруга побарала од неа да замине, а Тони заминал со неа.

Британецот Тони Гарнет, оженет татко на две деца, го шокирал своето семејство, но и јавноста кога ја оставил својата партнерка и децата поради украинската бегалка Софија Каркадим. Таа во мај побегнала од Украина и пристигнала кај Гарнет, но привременото сместување набрзо се претворило во фатална љубовна врска.

Кога сега веќе поранешната партнерка на Тони, Лорна и наредила на Софија да си оди, обвинувајќи ја дека флертува со нејзиниот сопруг, не очекувала дека со Украинката ќе замине и Тони.

Заљубениот Гарнет за "The Sun" рекол дека тој и неговата нова љубов се злоставувани на интернет до таа мерка што некои луѓе се закануваат дека ќе се обидат да ја депортираат Софија.

„Јавноста нема поим. Мене лично сето тоа малку ме допира, но Софија ја навредуваат, луѓето ја нарекуваат растурач на бракови, зборуваат за петиции за нејзино депортирање“, рекол Гарнет, откривајќи дека ја напуштил својата работа за да се грижи за Софија која делумно ослепела по операцијата на едното око.

Нагласил дека доаѓањето на Софија во нивната куќа не било пресудно за неговата врска со Лорна, бидејќи, таа, како што вели, веќе долго време била на стаклени нозе.

„Приказната не ни одеше, потоа се запознав со Софија и одлучив да се иселам. Без разлика на неа, планирав да заминам бидејќи ми беше доста од Лорна која од почетокот беше против Софија“, рекол Гарнет за "Метро".

Инаку, Софија на пат кон Обединетото Кралство во Германија претрпела инфекција на окото и поради тоа сега се соочува со шестмесечно закрепнување од операцијата.

Таа исто така се огласила за својата врска, велејќи дека не е растурач на бракови, и дека никого не принудила на ништо.

Во неодамнешна објава на својот профил на Инстаграм, таа го изнела тоа што сметала дека е важно за целата афера. Рекла дека одлуката на Гарнет да ја напушти долгогодишната партнерка била свесна и промислена.

„Прво што сакам да кажам е дека не украдов ништо од никого. Тоа беше негова свесна и промислена одлука, одлука на 29-годишен маж кој има право да се заљуби, има право да биде среќен и има право да избере со кого ќе биде. Дали навистина мислите дека некој може да биде украден од среќно семејство за 10 дена? Ентони и јас сме добро. Оние кои ме поддржуваа од почетокот и знаеја дека зад мојата постапка стои нешто вистинско и прекрасно - благодарам. Останатите - ќе бидете разочарани“, напишала Софија.

Во меѓувреме, Лорна Гарнет изјавила дека верува дека Софија од самиот почеток целела на нејзиниот маж.

„Не се грижеше за пустошот кој го остави зад себе. А мене животот ми се промени од темел за само две недели“, изјавила Лорна откривајќи дека прво била резервирана кон идејата на сопругот да примат бегалец во својот дом. На крајот заклучила дека тоа е сепак правилно кога на вести ја видела ситуацијата во Украина.

„Одлучив дека е вистинска работа да му дадам на некој кров над главата. И така Софија ми се заблагодари што ја примив во својот дом“, рекла Лорна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг