(Видео) Од ова не може побрзо – готово за 5 минути: Пробајте го летниот рецепт на Гордон Ремзи за совршено тирамису

Точка

06/07/2022

16:11

26.956

Големина на фонт

а а а

Овој рецепт ќе ве воодушеви, а вкусот долго ќе го паметите.

Состојки:

- 300 грама крем-шлаг;
- Екстракт од ванила;
- Шеќер во прав;
- 250 грама маскарпоне сирење;
- 1 шолја црно кафе;
- Пишкоти.

Подготовка:

- Во чинија ставете го шеќерот во прав, додадете го крем-шлагот и добро измешајте.

- Во друга чинија ставете го маскарпоне сирењето и екстрактот од ванила и добро помешајте.

- Во шлагот додадете ја мешавината од маскарпоне сирење и ванила и добро измешајте.

- Потоа потребно е да ги распоредите пишкотите и да ги потопите во кафето, па да ги ставите во чашата.

- Смесата ставете ја во чашите и можете одгоре да нарендате темно чоколадо.

Погледнете ја постапката во видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг