Трагедија во Струмица: Убиено 22-годишно момче во тепачка меѓу две семејства, тројца се повредени

BalkanInsight

05/07/2022

23:16

5.922

Големина на фонт

а а а

Вечерва во Струмица е убиено 22-годишно момче во тепачка меѓу две семејства во Туското маало.

Веста ја потврди директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова“ во Струмица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг