Вечерва дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата пред Собранието.
Кордонот на полицијата од пред собраниската зграда се помести кон улицата, затоа што ескалираше револтот на демонстранти со качулки кои упатуваат пцовки и погрдни зборови кон специјалците и фрлаат димни бомби.
Според некои медиуми има повредени полицајци во судирите меѓу полицијата и протестантите кои ја пробија заштитната ограда пред Собранието.
Според "Република" тие биле изнесен зад кордонот, кој се придвижува кон напред и десно. Претходно неколкумина ја искршија куќичката во која престојува обезбедувањето на законодавниот дом.
"Плус Инфо" пренесува дека на самото место пристигнало и амбулантно возило кое веројатно однесе во болница повредени меѓу присутните на протестот.
Во живо: Протест против прифаќањето на францускиот предлог за укинување на бугарското вето и почеток на преговорите со ЕУ. Демонстрантите сметаат дека се работи за предлог за бугаризација и бараат владата да го отфрли.
Posted by Radio Slobodna Evropa na Makedonski on Tuesday, 5 July 2022