Група демонстранти ја урнаа металната ограда пред Собранието на Македонија.
Инциденти се случија вечерва на протестот против францускиот предлог пред Собранието, откако дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда и притиснаа да влезат во зградата.
Дел од демонстрантите кон полицајците фрлаат со петарди, шишиња и факели.
Поединци се доближија до полициските сили и удираа во нивните штитници.
Во живо: Протест против прифаќањето на францускиот предлог за укинување на бугарското вето и почеток на преговорите со ЕУ. Демонстрантите сметаат дека се работи за предлог за бугаризација и бараат владата да го отфрли.
Posted by Radio Slobodna Evropa na Makedonski on Tuesday, 5 July 2022