(Видео) Демонстрантите ја урнаа барикадата пред Собранието, се фрлаат предмети кон полицијата

Точка

05/07/2022

21:16

5.779

Големина на фонт

а а а

Група демонстранти ја урнаа металната ограда пред Собранието на Македонија.

Инциденти се случија вечерва на протестот против францускиот предлог пред Собранието, откако дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда и притиснаа да влезат во зградата.

Дел од демонстрантите кон полицајците фрлаат со петарди, шишиња и факели.

Поединци се доближија до полициските сили и удираа во нивните штитници.

Во живо: Протест против прифаќањето на францускиот предлог за укинување на бугарското вето и почеток на преговорите со ЕУ. Демонстрантите сметаат дека се работи за предлог за бугаризација и бараат владата да го отфрли.

Posted by Radio Slobodna Evropa na Makedonski on Tuesday, 5 July 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг