Рецепт за печени пиперки со јајца и сирење кои се топат во уста – совршени за летните денови

Точка

05/07/2022

19:12

26.561

Големина на фонт

а а а

За овој високонутритивен оброк ќе ви бидат потребни само три главни состојки – пиперки, јајца и рендано сирење.

Можете да ги чувате во фрижидер и да си ги подгревате по потреба.

Навистина брзо и лесно се подготвува овој оброк, а освен тоа ги задоволува сите потребни нутритивни вредности – две половини пиперки со јајца имаат 205 калории, според „EatingWell“.

Состојки:

- 4 средни пиперки (било каква боја);
- Сол;
- Бибер по желба;
- 8 јајца;
- ¼ шолја рендано сирење по желба.


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и подмачкајте го плехот. Пресечете ги пиперките на половина, исчистете ги од семките. Ставете ги во плехот со дршката свртена нагоре и додадете сол и бибер.

Печете ги пиперките 15 минути. Извадете го плехот од рерна и скршете по едно јајце во секоја половина од пиперките.

Додадете го сирењето, па печете додека белките од јајцата не се испечат (од 15 до 20 минути).


Оставете да се изладат, а потоа ставете ги во фрижидер во херметички затворен сад.

Овој рецепт е совршен за сите оние на кои им одговара исхрана без глутен, со високо ниво на протеини, со малку јаглехидрати, а воедно е и вегетаријански.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг