На Ибица постои хотелска соба во која гостите можат бесплатно да преспијат, но под еден услов кој станува очигледен штом ќе го видите просторот.
Во оваа соба сите можат да ве гледаат бидејќи ѕидовите се направени од стакло, а се наоѓа во самото предворје на хотелот.
Апартманот наречен „Zero Suite“ во „Paradiso Ibiza Art Hotel“, според зборовите на управата не е „наменет за оние кои се срамежливи“, бидејќи станува збор за соба затворена со стаклени ѕидови. Исто така, се наоѓа во предворјето на хотелот што значи дека веројатно ќе бидете сведоци на голем метеж додека се обидувате да заспиете.
Меѓутоа, од друга страна, гостите можат бесплатно да преспијат во необичниот апартман што прави нештата веднаш да звучат попримамливо.
На веб-страницата на хотелот пишува: „Соба со стаклени ѕидови во средината на предворјето на хотелот во која можете да преспиете една ноќ бесплатно. Не е наменета за оние срамежливите. Достапна е и за уметнички настапи, радио емисии, диџеј сетови... можностите се бескрајни сè додека сакате да бидете во центарот на вниманието“.
Тиктокерката Олимпија Енли неодамна отседнала во апартманот, споделувајќи видео од своето искуство во необичниот простор. Открила дека имало многумина кои со неверување гледале низ стаклото, но објаснила и дека купатилото е сепак скриено од љубопитните погледи и има непроѕирни ѕидови.
Додека се чини дека некои луѓе се подготвени за вакво искуство, многумина признале дека не би можеле да престојуваат во ваков апартман, дури и ако станува збор за бесплатно преноќување.