"ЗБургер", "РусДоналд" или пак "МекРус": Сибирски богаташ ја земал франшизата за "McDonald's" и бара име

Точка

20/05/2022

23:04

16.236

Големина на фонт

а а а

Примивме околу 1.500 разни предлози и тоа беше одличен "брејнсторминг". Им се заблагодаруваме на сите и наскоро ќе одбереме победник, порачале Русите...

Сибирскиот мултимилионер Александер Говор ја презема контролата над околу 850 ресторани во кои претходно функционирал "McDonald's", јавуваат руските медиуми. Познатиот американски ланец за брза храна се повлекол од Русија на почетокот на инвазијата, па овој господин од Сибир, кој претходно "држел" 25 ресторани на оваа франшиза, сега целосно ја преземал контролата. Цената не е откриена во јавноста.

Иако околу ресторанот и отворањето имаат уште многу работа, првото што го направиле е потрага по име. Руското министерство за индустрија на социјалните мрежи ги прашало своите приврзаници што тие мислат за тоа.


„Можеби токму вие ќе го дадете името на новиот ланец“, ги "мамат" во огласите и ветуваат награди, а моментално фаворити се "РусДоналд", "МакРус" и "ЗБургер".

„Примивме околу 1.500 разни предлози и тоа беше одличен "брејнсторминг". Им се заблагодаруваме на сите и наскоро ќе одбереме победник“, напишале од министерството , јавува "Newsweek".

Пред санкциите за Русија, во рестораните на "McDonald's" работеле повеќе од 60.000 луѓе. Повеќето од нив би требало да добијат работа и во новиот ланец, како и да се вика...




Спонзорирани линкови

Маркетинг