Барнли и Лидс се закануваат со тужба против Премиер лигата и Евертон

Макфакс

20/05/2022

21:38

3.885

Големина на фонт

а а а

Борбата за опстанок во Премиер лигата добива поинаква димензија пред последниот викенд откако Лидс јунајтед и Барнли, двата клуба што уште немаат сигурен опстанок, најавија тужба пртив Премиер лигата и Евертон поради сериозно нарушување на финансиските правила од клубот во Ливерпул.

Британските медиуми откриваат дека Барнли и Лидс со писмо ги известиле Премиер лигата и Евертон дека го задржуваат правото за легална битка барајќи истрага за тоа како Евертон дозволил последните три години да работат со загуба од фантастични 371,8 милион фунти.

Според сегашните правила во Премиер лигата, клубовите смее да одат во минус 105 милиони фунти во период од три години и во спротивност може да бидат казнети со одземање поени. Парите загубени поради пандемијата на Ковид-19 не се сметаат во овие загуби, но Лидс и Барнли тврдат дека Евертон има тројно поголема загуба од просечен премиерлигаш.

Инаку, Евертон вчера успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, а Лидс и Барнли влегуват во последното коло со ист број поени, а Лидс има подобра гол-разлика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг