Детали и снимки од разорното торнадо во Германија: Носело сè пред себе, има тешко повредени, штетата е милионска

Точка

20/05/2022

21:14

7.032

Големина на фонт

а а а

Се наведува дека десет лица се сериозно повредени.

Низ германските градови денеска "минало" силно торнадо кое нанело милионска штета, а според првите информации има десетина повредени.

Снимките кои се појавиле на социјалните мрежи ја покажуваат јачината на невремето: торнадото носело кровови, корнело дрвја...

Исто така се гледа и како улиците се преполни со "крш" кој невремето го оставало зад себе.

На една снимка од градот Падерборн се гледа дека бил целосно уништен еден салон за мебел.

Како што соопштила полицијата, во целиот округ Падерборн била причинета сериозна материјална штета. Локалниот јавен превоз, вклучувајќи ги и возовите, бил сериозно погоден. Полицијата ги замолила луѓето да останат дома доколку можат.

Според првите извештаи, повредени се 30 до 40 луѓе, од кои десетина сериозно, рекол портпаролот на полицијата вечерва за "AFP".




Спонзорирани линкови

Маркетинг