(Видео) Ролнички од пилешко месо и тиквички: Вкусен летен оброк кој ќе обожувате да го подготвувате

Точка

20/05/2022

21:11

35.418

Големина на фонт

а а а

Подгответе совршено јадење од омилената летна намирница – тиквичката.

Наместо да готвиме и подготвуваме тешки јадења, во текот на летото сакаме лесни оброци како паста или овој во продолжение. Можете да го послужите со парче леб и да го сервирате за ручек или вечера. Вака подготвените ролнички се и одличен прилог за секоја трпеза.

Потребни состојки:

- 2 тиквички со средна големина
- 500 гр. пилешко филе
- 50 гр. мајонез
- 100 гр. пармезан (или друго тврдо сирење по желба)
- 2 домати
- 20 гр. презла
- 20 гр. пармезан

Начин на подготовка:

1. Исечете го месото на тенки шницли, покријте го со проѕирна фолија и исчукајте го со чекан за месо.

2. Ставете сол и бибер, па премачкајте со мајонез.

3. Одозгора ставете парче кашкавал и парче домат, па свиткајте во ролат.

4. Тиквичките исечкајте ги на тенки ленти, па ставете две, една покрај друга и ставете го месото врз нив.

5. Повторно свиткајте во ролат и наредете ги на тава за печење обложена со хартија.

6. Одозгора ставете презла и пармезан врз секоја ролничка и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг