Големо засилување од Монпелје: Жилберто стана првиот Португалец кој потпиша за Вардар!

Дерби

20/05/2022

17:37

31.779

Големина на фонт

а а а

Вардар остава навистина успешен период за себе на спортски план на домашната сцена и ги доби најважните натпревари против Еурофарм Пелистер, бидејќи покрај освоената титула во Купот, по триумфот во Битола, треба само математички да ја осигура титулата и во Суперлигата.

Македонскиот првак се врати на вистинскиот пат под водство на тренерот Дејвис, но бидејќи станува за клуб кој има големи амбиции и на меѓународна сцена, Вардар почна сериозно да се засилува за следната сезона.

По ангажманите на Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија, Вардар денеска го потврди трансферот на првиот Португалец во историјата, а станува збор за играч кој досега ги бранеше боите на Монпелје.

– За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.

– Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија). Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола.

Португалецот Дуарте го засилува Вардар

За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец...

Posted by RK Vardar 1961 on Friday, May 20, 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг