(Видео) Која е судбината на евакуираните луѓе од Азовстал? Се огласил лидерот на Азов, кажал зошто престанале да го бранат Мариупол

Точка

20/05/2022

17:19

6.714

Големина на фонт

а а а

Командантот на украинскиот баталјон Азов, Денис Прокопенко, се огласил во петокот и зборувал за евакуацијата на луѓето од челичаната Азовстал во Мариупол.

Прокопенко, во видео обраќањето рекол дека цивилите и тешко ранетите украински борци се евакуирани од челичаната Азовстал во Мариупол во Украина.

Прокопенко рекол дека добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците.

„Цивилите се евакуирани, а на тешко ранетите им е пружена неопходната помош, па и тие се евакуирани, за подоцна да бидат разменети и да пристигнат на територијата која ја контролира Украина“, изјавил Прокопенко, пренесува "Reuters".

Прокопенко рекол дека се уште е во тек процесот на извлекување на телата на оние кои загинале бранејќи го Азовстал и дека се надева дека во блиска иднина роднините на загинатите и Украина ќе можат чесно да ги погребаат своите војници, наведува "Reuters".

„Постојано нагласувавме дека за нас најважни се цивилите, ранетите и загинатите“, рекол Прокопенко на видео снимката која полкот Азов ја споделил на "Telegram".



Спонзорирани линкови

Маркетинг