Што е Европска политичка заедница: Алтернатива за членство во ЕУ или додаток за пристапување?

Точка

20/05/2022

21:38

4.183

Големина на фонт

а а а

Макрон на почетокот на овој месец во говорот по повод Денот на Европа во Европскиот парламент претставил нова "политичка европска заедница", која би и овозможила на Украина и другите земји кои во моментот се на листата на чекање за ЕУ, како Македонија и другите од Западен Балкан, поблиску да се поврзат со Унијата. Неговата идеја некои ја сфатиле како алтернатива за процесот за пристапување, а примена е со скептицизам во земјите кои тежнеат кон членство во ЕУ.

Францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека Европската политичка заедница ќе го дополни процесот на пристапување кон ЕУ и дека не е негова алтернатива, додека германскиот канцелар Олаф Шолц се фокусирал на Западен Балкан велејќи дека нема безбедност во ЕУ без стабилен европски Западен Балкан.

Макрон повторно зборувал за својот предлог откако земјите од чекалната на ЕУ покажале загриженост дека неговата идеја би можела да послужи како начин тие земји да не бидат примени во блокот.

Макрон на почетокот на овој месец во говор по повод денот на Европа во Европскиот парламент, претставил нова "политичка европска заедница" која би и овозможила на Украина и другите земји моментално на листата на чекање за ЕУ, како оние од Западен Балкан, поблиску да се поврзат со Унијата.

Неговата идеја некои ја сфатиле како алтернатива за процесот за проширување, и била примена со скептицизам во земјите кои тежнеат кон членство во ЕУ. „Ниедна алтернатива за членство во ЕУ не би била прифатлива за Украина“, рекол украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба откако го слушнал предлогот на Макрон.


Францускиот претседател на 19-ти мај на прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду, чија земја неодамна поднела барање за членство во ЕУ, се обидел да го објасни својот предлог за "Европска политичка заедница".

Рекол дека претставил "нова рамка за структурирање на соработката, собирајќи европски демократски нации кои ги споделуваат европските вредности".

Иако на тоа може да се гледа како начин за избегнување на интеграцијата на некои земји во ЕУ, заедница би била комплимент, а не алтернатива на процесот за пристапување, рекол тој.

Според Макрон, неговата идеја би овозможила посилно структурирање на политичките, енергетски и инвестициски односи со неколку земји кои тоа го сакаат.


Маја Санду го поздравила предлогот на Макрон, бидејќи нова Европска политичка заедница би го поддржала и забрзала процесот на пристапување на нејзината земја кон ЕУ.

Истовремено германскиот канцелар рекол дека Германија евроинтеграцијата на Западен Балкан ја ставила на својата листа на приоритети бидејќи нивното пристапување е многу важно за ЕУ.

Германската влада, пишува "Euroactiv.de", од почетокот на руската агресија на Украина ги интензивирала напорите да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

„Успешните ЕУ интеграции на нашите партнери од Западен Балкан се во интерес на ЕУ“, рекол Шолц вчера во Хаг на прес-конференцијата со холандскиот премиер Марк Руте.


Тој додал дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање на кредибилитет и геостратешка рационалност на ЕУ.

Порано истиот ден Шолц зборувал за значењето на Западен Балкан во геополитичката борба со Русија.

„Сите заедно во ЕУ се обидуваме да направиме се во нашата моќ да обезбедиме Западен Балкан да остане стабилен и да најдеме решение за проблемите кои постојат, посебно во врска со Македонија и Бугарија“, рекол Руте.

Холандскиот премиер додал дека тоа е можно само доколку Германија преземе водечка улога, додавајќи дека ја поздравува германската иницијатива.




Спонзорирани линкови

Маркетинг