Итен состанок на експертите на СЗО поради ширењето на мајмунските сипаници

Точка

20/05/2022

15:04

3.326

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација (СЗО) свикала група водечки експерти на итен состанок за да разговараат за тековната епидемија на мајмунски сипаници.

Како што наведува британски "Telegraph", дуплиран е бројот на заразени од мајмунски сипаници во Велика Британија, а тоа го потврдил и министерот за здравство Саџид Џавид, наведувајќи дека станува збор за 11 нови случаи на зараза.

„Утрово ги известив министрите за здравство на Г7 за тоа што досега го знаеме. Повеќето се случаи се со благи симптоми и можам да потврдам дека набавивме дополнителни дози вакцини кои се ефикасни против мајмунските сипаници“, навел тој на Твитер.

Потсетуваме, последните денови мајмунските сипаници се шират низ Европа, а први случаи се потврдени во Франција, Италија, Шведска, како и Канада и Австралија.

Првиот пациент кој добил мајмунски сипаници на 7-ми мај патувал во Нигерија, каде веројатно се заразил, пред да се врати во Англија. Моментално во Британија биле потврдени седум случаи.


Мајмунските сипаници, кои во главно досега биле забележани во западна и централна Африка, претставуваат ретка вирусна инфекција, слична на големите сипаници, иако во поблага форма.

Прв пат вирусот бил регистриран во ДР Конго во 70-тите години од минатиот век, а бројот на случаи во Западна Африка се зголемил во претходната деценија.


Симптомите вклучуваат грозница, главоболка и осип по телото, кој почнува на лицето и се шири по останатите делови на телото. Според податоците на сајтот на СЗО, смртноста од мајмунските сипаници била меѓу 0 и 11 проценти, а во последно време варира меѓу 3 и 4 проценти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг