Го намалува холестеролот, го штити срцето... Чајот од ова декоративно цвеќе поседува неверојатни „моќи“

Точка

20/05/2022

15:10

18.716

Големина на фонт

а а а

Овие прекрасни бели цветови се идеални за подобрување на расположението, украсување на ентериерот, но имаат и една голема улога во зачувување на здравјето.

Чајот од овој цвет којшто е популарен во Кина уште од 13-ти век бил „резервиран“ исклучиво за кралските семејства.

Меѓутоа, како што околностите се менувале, така и традицијата добила поразличен облик, па денес овој чај се користи ширум светот поради поволните дејства.

Чајот од јасмин потекнува од Персија, но потоа станал популарен и во Кина.

Има антиоксидантни својства

Содржи голем број антиоксиданти, од кои најзначаен е катехинот со чија помош се намалуваат воспалителните процеси во организмот.


Помага при слабеење

Јасминот делува така што го забрзува метаболизмот, што може да биде корисно доколку сакате да ослабнете.

Влијае на клетките на канцер

Една пекиншка студија покажала дека чајот од јасмин може да влијае на намалувањето на туморните клетки во организмот.

Влијае на холестеролот

Студија покажала дека овој чај влијае на намалување на лошиот холестерол, погоден е и за луѓето со кардиоваскуларни болести.

Го забавува стареењето

Благодарение на антиоксидантите кои ги содржи, чајот од јасмин е одличен за забавување на стареењето, нега на кожа и спречува појава на пеги и флеки.


Го штити срцето

Доколку имате генетски предиспозиции за срцеви болести, јасминот ќе биде идеален за превенција.

Чај од јасмин

Чајот од јасмин ќе го подготвите така што ќе ги исушите цветовите, а прво ќе ги протриете со пешкир, па ќе ги ставите во сендвич меѓу два слоја обичен чај.

На крајот, ставете нешто над нив и оставете да отстојат 24 часа до неколку денови, за мирисот од јасминот да може да навлезе во ќесичките од чајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг