Џенифер Лопез во солзи во новиот документарец: „На публиката сакам да ѝ дадам содржина, а не само тресење на задникот“

Точка

20/05/2022

14:40

7.159

Големина на фонт

а а а

По повод претстојниот документарен филм кој ќе се осврне на приватниот живот и кариерата на Џенифер Лопез, пејачката открила дел од она што ги очекува гледачите.

Гледачите на филмот на „Netflix“, „Halftime“, ќе добијат поблиска слика на децениите долга кариера на Џеј Ло, нејзината работна етика, но и приватниот и љубовниот живот, мајчинството и сето она што ја направи светски славна ѕвезда.

Во трејлерот на документарецот кој става акцент на настапот на Лопез на полувремето на „Superbowl“, 52-годишната пејачка ги споменува осудите од јавноста и медиумите со кои се справувала на почетокот на својата кариера.

„Живеев во очите на јавноста и постојано верував во она што го велат. Беше тешко. Имав многу ниска самодоверба. Морав да сфатам која сум навистина и да верувам во тоа, а не во нешто друго“, објаснува пејачката.

Џеј Ло, меѓу другото, ја погодил и фактот што не освои номинација за Оскар за својата улога на стриптизерка во филмот „Hustlers“, а на трејлерот се гледа и како се расплакува.

„Се обидувам да ѝ дадам нешто содржајно на публиката, а не само да ги тресеме своите е*ени задници“, рекла пејачката на стресните подготовки за „Superbowl“, па додала: „Сакам нешто реално. Цел живот се борев да ме слушнат, да ме видат и да ме сфатат сериозно“.


Сепак. Џенифер признала дека не ја работи својата работа поради награди туку за да се спои со луѓето и заклучила дека „нејзиниот живот допрва започнува“, а помеѓу плановите за иднината е и венчавката со нејзиниот вереник Бен Афлек кој исто така се појавува во документарецот.

„Halftime“ на 8-ми јуни ќе го отвори филмскиот фестивал „Tribeca“ во Њујорк, додека на „Netflix“ пристигнува на 14-ти јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг