Пријател на Матеј за српски „Блиц“: „Во белградскиот клуб исчезнувал на 15 минути, па се враќал, знам дека никогаш не користел наркотици...“

Точка

20/05/2022

13:05

22.578

Големина на фонт

а а а

Пријателот на Матеј за српските медиуми открил како Матеј таа кобна вечер во клубот „Готик“ „исчезнувал“ на 15 минути, па се враќал, а сите мислеле дека е со некоја девојка која тогаш ја запознал.

Четири и пол месеци по исчезнувањето, пронајдено е телото на Матеј Периш, а тоа го потврдила ДНК анализата, додека пак како прелиминарна причина за смртта се наведува давење.

Еден од неговите блиски пријатели којшто активно учествувал во потрагата по Матеј, за српски „Блиц“ открил детали од кобната вечер меѓу 30-ти и 31-ви декември.

„Кобната вечер Матеј во ‘Готик“ исчезнувал на 15 минути, па се враќал. Слушнав дека таа вечер запознал некоја девојка и пријателите кои биле со него цело време мислеле дека е со неа. Дури кога виделе дека јакната е внатре, им било чудно каде може да биде и дека излегол без јакна“, изјавил пријателот на Матеј.


Токму на видеата од надзорните камери каде се гледа како Матеј трча по белградските улици по маица, многумина се запрашале што му се случило. Неговиот пријател открил само мал дел од одговорот.

„Матеј го имаше тој некој проблем што постојано му беше топло – и во текот на зимата и налето“, изјавил пријателот, не можејќи да објасни зошто трчал на улиците:

„Се прашуваме сите дали на Матеј му се слошило, дали некој му ставил нешто во пијалакот затоа што сите знаеме дека никогаш не консумирал наркотици. Затоа се прашуваме дали така во маица излегол да се разлади, па потоа некако паднал во водата“.

И овој пријател на Матеј бил заедно со другите пријатели и неговиот татко во полиција каде првпат го виделе видеото на кое се гледа како некој плива во Сава. Тој вели дека на сите уште тогаш им се чинело дека Матеј се бори да доплива до кејот, но во тоа не успеал. Затоа смета дека не би скокнал свесен во водата.

„Затоа мислам дека паднал, дека отишол да се измие или нешто така, или пак имал некои супстанции во себе. Знам дека не користел никогаш ништо, но повторно се поставува прашањето зошто сакал да влезе во такси? Можеби не му било добро, па сакал да отиде во станот, па кога таксистот не му дозволил да влезе, продолжил да трча и видел вода, отишол да се измие и паднал. Само тој знае што се случило“, изјавил пријателот на Матеј.


Тој за Матеј има само пофални зборови, како и сите кои го познавале, а кои во текот на овие четири и пол месеци се појавиле во јавноста. Пријателот додал дека Матеј бил весел, полн со живот и секогаш насмеан.

„Секогаш сакаше да му помогне на секого, беше приземен, работеше со луѓето и навистина сите го сакаа. Звучи како клише, но тоа навистина беше така“, изјавил пријателот додавајќи дека сега му е полесно пред сè поради родителите на Матеј.

„Полесно е само заради тоа што родителите на Матеј ќе имаат каде да запалат свеќа и Матеј да биде закопан во својот град“, заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг