Ниту Том Круз не го криел воодушевувањето: Војвотката ги хипнотизирала присутните на премиерата на „Top Gun“

Точка

20/05/2022

09:35

17.361

Големина на фонт

а а а

Едноставниот, но ефектен фустан навистина добро ѝ прилегал на војвотката, а таа со својата појава засенила многумина.

Војводата и војвотката од Кембриџ, синоќа присуствувале на лондонската премиера на филмот „Top Gun: Maverick“, а војвотката Кејт буквално ги ставила, не во втор туку во трет план ѕвездите од филмското остварување.

Во таа прилика по црвениот тепих прошетале Том Круз, Џенифер Конли, Џон Хам, Мајкл Телер, но сепак дива на вечерта била идната карлица која изгледала совршено.

Кејт за оваа прилика останала верна до својот препознатлив елегантен стил, определувајќи се за креација која условно го одзема здивот кај присутните.

Долгиот, тесен фустан од дизајнерот Роланд Моурета ја следи линијата на нејзиното тело, додека пак горниот дел е бел и паѓа во пределот на рамената.

Видно расположени, војвотката и војводата се дружеле и фотографирале со актерите кои очигледно биле воодушевени од нивното присуство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг