Поранешниот пријател му забил нож во грб, наводните зборови на Деп ги изненадиле сите во судницата: „Сега можам да ја удрам, и никој ништо да не ми каже...“

Точка

20/05/2022

09:06

9.896

Големина на фонт

а а а

Јавноста будно го следи судењето на популарниот поранешен холивудски пар и со нетрпение очекува нови детали.

Џони Деп и Амбер Херд веќе со денови ја интригираат светската јавност со своите изјави и сведочења за тоа што се случувало додека биле во брак.

Во последните сведочења се појави и поранешниот пријател на Џони Деп, Тајлет Врајт, којшто изнел нови детали од животот на познатиот поранешен холивудски пар.

Тој изнел детали од животот на актерот кои се однесувале на разговор кој со него го водел по венчавката со Амбер.

„Во брак сме и сега можам да ја удрам по лице и никој не може да ми каже ништо“, ги цитирал Врајт наводните зборови на Деп.

Тој исто така изјавил дека Деп бил прекрасен пријател и сопруг кога бил под дејство на алкохол, но кога бил под дејство на алкохол и психоактивни супстанции, знаел да биде многу непријатен, а често и агресивен.

Тој исто така изјавил дека неговите претходни врски со Кејт Мос и Винона Рајдер пропаднале токму поради тоа.

„Таа не е талентирана и кога градите ќе почнат да ѝ „висат“, а на лицето да ѝ се појавуваат брчки, никој нема да биде заинтересиран за неа“, изјавил Вајт цитирајќи ги наводните зборови на Деп.

Тајлет раскажал дека Деп наводно бил убеден дека Амбер го изневерува со сите мажи и жени со кои ќе дојде во контакт.

Инаку, Амбер ја возврати тужбата против Деп за 100 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг