Премиерката на Нов Зеланд ја откажала венчавката -Џасинда Ардерн вовела мерки па порачала: „Не се разликувам од другите“

Точка

23/01/2022

11:00

2.696

Големина на фонт

а а а

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн ја откажала својата венчавка откако вовела нови анти-ковид мерки поради ширењето на омикрон сојот на коронавирусот во таа земја.

Како што пренесува "BBC", новите мерки се однесуваат на задолжителното носење маска во продавници и во јавниот превоз и ограничен број на собири.

За минатите 24 часа на Нов Зеланд биле забележани 15.104 нови случаи на коронавирус и дури 52 смртни случаи.


Премиерката Ардерн им потврдила на новинарите дека нејзината венчавка нема да се одржи.

„Јас не се разликувам од илјадниците други Новозеланѓани кои имаа многу потешки последици од пандемијата, од кои најтешката е неможноста да се биде со саканата личност која е тешко болна“, порачала таа.


Како што се наведува, епидемиолошките мерки стапуваат на сила на полноќ по локално време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг