Трет викенд по ред недела е неработен ден

Макфакс

23/01/2022

10:10

2.103

Големина на фонт

а а а

Трет викенд по ред недела е неработен ден за 92 отсто од работниците.

Законското решение предвидува оние што се ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Вработените во трговските центри, односно моловите, кои работат во недела треба да добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 проценти.

Непочитувањето на ова законско решение го утврдува Државниот инспекторат за труд и на работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од 15 дена, а доколку го повтори прекршокот во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата.

Од СДСМ велат дека целта на законот е обезбедување на заштита на работничките права и поголеми дневници.

Со недела неработен ден, како што додаваат од партијата, се слеваат два отсто повеќе даноци кои ќе завршат во посебен фонд од кој ќе се инвестира во изградба на детски градинки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг