(Фото) По 22 дена од исчезнувањето, Матеј Периш синоќа бил активен на Вибер, се огласи и неговиот татко: „Запознаен сум со тоа од страна на полицијата“

Точка

22/01/2022

16:37

18.534

Големина на фонт

а а а

Потрагата по сплиќанецот Матеј Периш (27) кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година, трае веќе 22 дена, а вчеравечер многумина кои го познавале момчето биле шокирани.

Имено, по 22 дена Матеј вчера во 21:53 часот бил активен на Вибер.

Луѓето кои не губат надеж дека исчезнатото момче ќе биде пронајдено, ја споделиле оваа информација, а тоа предизвикало лавина коментари на социјалните мрежи.

Единственото објаснување е дека полицијата била најавена на неговиот профил за да ја провери комуникацијата од претходниот период.


Да ве потсетиме, сигналот на мобилниот телефон на Периш, како што утврдила истрагата, последен пат бил лоциран кај Големиот воен остров во околу 02:40 часот на 31 декември.

Според реконструкцијата на движењето на Периш, направена од српската полиција, сигналот на неговиот телефон последен пат бил регистриран во близина на Големиот воен остров, на устието на Сава и Дунав.

Полициските службеници прегледале стотина часа материјал, снимки од сите надзорни камери од рутата на движење на Периш и околината и врз основа на тоа направиле реконструкција на неговото движење од моментот на излегување од клубот од правец на салата Бетон во 01:43 часот до моментот во 01:52 часот од каде му се губи секаква трага.


По информацијата дека Матеј синоќа бил активен на Вибер, се огласи и неговиот татко Ненад Периш па накратко објасни за што всушност станувало збор:

„Запознаен сум со тоа од страна на полицијата. Станува збор за активност која полицијата ја спровела во состав со истражувањата на сите детали за овој случај“, изјавил Ненад Периш, пренесува српски „Курир“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг