Владата на Ирска одлучи денеска да ги укине речиси сите пандемиски ограничувања, вклучувајќи ги и мерките кои се однесуваат на угостителскиот сектор, спортските настани и барање на доказ за вакцинација за влез во затворени простории.
Премиерот на Република Ирска, Мајкл Мартин, изјави дека воведувањето на задолжителна бустер доза на вакцина против коронавирусот, ѝ помогнало на Ирска да ја преживее „омикрон бурата“, поради тоа што го задржала бројот на тешко заболените значително под максимумот од претходниот бран.
Тамошната влада одлучила баровите и рестораните да не мора своите локали да ги затвораат во 20 часот, а тоа ограничување било воведено кон крајот на минатата година, како и од гостите повеќе да не се бара доказ за вакцинација. Затворените и отворените простори ќе можат да се користат во полн капацитет.
Од друга страна, останува мерката задолжително носење на заштитна маска во јавен превоз и продавници до крајот на месец февруари и уште некои епидемиолошки мерки кои се однесуваат на училиштата и јавниот сервис.