(Видео) После скандалот дека долгот од над 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои, синот Симеон ја откри целата вистина

Точка

19/01/2022

17:31

16.720

Големина на фонт

а а а

И по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување во болницата со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен.

Јавноста остана затечена по веста за неплатениот долг, оти откако Есма почина, нејзините внуки од сестри и браќа, како и внуци на Стево до денес водат битка како и кој да ја наследи куќата на Кале.

Симеон Атанасов, посинок на Теодосиевски и кој ѝ беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ потврди дека сметката не е платена и дека се понудил да ја плати целата сума.

„Јас се понудив да ја платам сметката како што ги покрив сите погребални работи кои што требаше и имам за тоа фактури. Не е покриена бидејќи дента кога почина веќе имаше индикации дека Реџепови ќе ги остават двата тестаменти кои Есма ги остави. Јас во консултација со моите адвокати бев сопрен, затоа што по некое правило кога некој нешто наследува, тој го наследува и доброто и лошото. Поради тоа е стопирана целата постапка со болницата да не се покрие овој трошок“, вели Симеон во интервју за „Бекстејџ“.

Атанасов додава дека ако Реџепови се откажат од овој спор и го предадат музејот на министерство за култура, овој долг ќе го покриe.



Спонзорирани линкови

Маркетинг