За разводот на Џејсон Момоа и Лиса Бонет виновна контроверзната актерка?

Точка

17/01/2022

22:19

22.515

Големина на фонт

а а а

Еден од најхармоничните бракови на светот беше бракот на Џејсон Момоa и Лиса Бонет. Џејсон не криеше дека ја обожува својата сопруга и дека практично отсекогаш бил вљубен во неа, па веста за нивниот развод ги шокираше нивните фанови.

Сега медиумите пишуваат дека зад сè стои Амбер Херд. Имено, кружат гласини дека Џејсон Момоа започнал романтична врска со колешката од филмот „Аквамен“. Аргументите на оние кои стојат зад оваа теорија е дека и Џони Деп ја раскинал врската по соработката со Амбер, а своевремено се пишуваше дека Лиса била љубоморна затоа што Амбер флертувала со Џејсон.


Момоа и Бонет ја објавија својата одлука за развод на Инстаграм:

„Сите се променивме во ова трансформациско време. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок. Се чувствуваме како да растеме низ сеизмичките поместувања кои се случуваат“, започнале двајцата во заедничката објава, па продолжиле:

„И затоа ја споделуваме семејната вест за разводот. Не го споделуваме затоа што мислиме дека е важна вест, туку за да го направиме тоа достоинствено и искрено. Љубовта помеѓу нас продолжува и се развива на начинот на кој сакаме да се знае и живее. Се ослободивме еден од друг за да бидеме она што учиме да станеме. Нашата посветеност кон светиот живот и децата е непоколеблива. Ги учиме децата колку што е можно повеќе. Ја живееме молитвата. Љубовта нека надвладее“.


За потсетување, холивудскиот актер од 2007 година беше во брак со својата 12години постара колешка Лиса Бонет, а парот има две деца – ќерката Лола и синот Наку-Волф .

Од друга страна, Амбер Херд сè уште е во судски процес со Џони Деп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг